Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Софтвер >> ЕРП Систем >> Буџетирање

Буџетирање

Модулот за буџетирање на ЕДУСОФТ им овозможува на финансиските експерти лесна транзиција од табелите склони на грешки и различности кон автоматизиран систем кој обезбедува алатки за целосно буџетирање, предвидување, консолидирање на податоци и правење извештаи. Малите, средни и големи бизниси кои бараат да преминат на пофлексибилен, посигурен, доверлив систем можат да ја користат нашата апликација за буџетирање, едно интуитивно спремно решение кое е идеално за различни области на индустријата, вклучувајќи производство, здравство, големо продажба/дистрибуција, малопродажба, бизнис сервиси и непрофитни дејности.

Нашата апликација за буџетирање овозможува централизирана, безбедна база на податоци така што сите промени во податоците на компанијата автоматски се ажурираат. Таа е моќна калкулациска машина која овозможува сите пресметки не само да се математички точни туку и да бидат во спрега и да ги следат сметководствените принципи. Ова значи дека податоците се 100% точни. Со визардите и менијата на апликацијата за буџетирање, вие само ги внесувате податоците, а системот ја работи работата за вас, елиминирајќи ја потребата за креирање и одржување на комплексни формули, макрои и линкови. Сите ваши промени автоматски се ажурираат низ целиот ваш план.

Бизнис логиката на нашата апликација за буџетирање автоматски ја генерира завршната сметка , а готовинските текови автоматски се креираат од завршната сметка. Се е совршено синхронизирано. Како дополнение, апликацијата доаѓа со пред-креирани извештаи вклучувајќи извештаи во форма на презентации кои можат да бидат прилагодени и кастимизирани за различни потреби и намени. Потоа, тие можат да бидат експортирани во Excel за понатамошна кастимизација.

Модулот за буџетирање на ЕДУСОФТ ги намалува грешките, заштедува време и е готов за неколку минути. Тој е дизајниран за малите и средни претпријатија со ограничени ИТ ресурси и може да се користи веднаш тука локално или како хостирано решение. Ние навистина мислиме дека тој е одлична опција за оние кои се стремат кон поавтоматизирано буџетирање и предвидување.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте не:

Тел. 1: (+ 389 2) 3127 323
Тел. 2: (+ 389 2) 3128 462

Е-маил: edusoft@edusoft.com.mk