ИТ консалтинг

ЕДУСОФТ обезбедува водечки софтверски консултантски услуги. Било да сакате да купите или изградите технолошко решение за вашиот бизнис, ние го комбинираме индустриското и техничкото искуство за да ве насочиме до најдобрата одлука за вашите потреби.

За оние на кои им треба софтвер, првото прашање често пати е дали да купат или да направат кастимизирана софтверска апликација. Ако не сте сигурни, нашите професионални софтверски консултанти ќе ви помогнат околу анализата, прегледот на бизнис процесите и документацијата, се со цел да ви дадат една општа слика за тоа дали треба да купите готова апликација или правењето на кастимизирана апликација е најдоброто решение за вас.

За оние кои веќе имаат сопствен софтвер, ЕДУСОФТ може да им пружи консултантски услуги во форма на Софтверска Ревизија. Нашите професионални софтверски консултанти детално ќе го прегледаат вашиот софтвер или апликацијата, ќе ја пресметаат неговата ефикасност и заедно со вас ќе ги прегледаат наодите.

Ние сакаме на нашите клиенти да им го испорачаме најдобриот резултат. За да го направиме ова, ние секогаш ги почнуваме проектите со помош околу идентификацијата на главните мотиви во потрагата по технолошко решение. Кон ова, нашите консултанти секогаш ги следат индустриските и технолошките промени и можат да извадат на маса корисна и добра перспектива.

Нашите консултанти ќе осигураат сето ова да го завршите со низок трошок, континуирана поддршка во сетот на алатки и вештини за одржување на вашето решение. Со преку 20 годишно искуство во оваа индустрија, ние ги поставуваме вистинските прашања за да се осигураме дека промените што доаѓаат се прифатливи и за вас за да можете да држите чекор со брзината на индустријата.