Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Софтвер >> Е-иншур

Е-Иншур

Е-Иншур (E-Insure) е интегрирано софтверско решение за осигурителните компании кое во многу им го олеснува секојдневното работење преку автоматизирање на сите бизнис процеси и овозможувајќи им подобри начини за управување со ресурсите на компанијата. Неговата скалабилност и перформанси го прават погоден за работа и во малите и во големите осигутителни компании.

Е-Иншур е докажан софтверски продукт, развиен и усовршуван од тим на искусни инженери на ЕДУСОФТ за повеќе од една декада. За последните 10 години добивме целосен увид во специфичните потреби и барања на многу осигурителни компании, и затоа сигурни сме дека сме афирмирана софтверска компанија со вака големо искуство на осигурителниот пазар, целосно разбирајќи ги приликите и предизвиците со кои се соочуваат осигурителните компании во секојдневното работење. E-Insure е софтверско решение кое е постојано надгледувано и подобрувано од страна на посветен тим на софтверски експерти со широко познавање на информатичките технологии и големо искуство на осигурителниот пазар.

Карактеристики:

  • Продажба на широка лепеза на осигурителни производи
  • Едноставен и интуитивен кориснички интерфејс за издавање на осигурителни полиси
  • Модул за водење на податоци за клиентите
  • Модул за администрирање на осигурителните полиси
  • Целосна контрола на издадените и платени полиси
  • Прилагодлив на правилата и практиките на вашата компанија
  • Дизајниран за поддршка на различни организациони структури во компаниите
  • Едноставен и целосно транспарентен процес на издавање на осигурителни полиси на агентите
  • Интероперабилност со другите системи
  • Достапен во пакет со инсталација и обука на крајните корисници

Компоненти:

  • Модул за администрирање на организационата структура
  • Модул за централно регистрирање на осигурителните полиси
  • Модул за онлајн издавање на полиси
  • Модул за управување на партнерите
  • Модул за генерирање на извештаи
  • Модул за регистрирање на одштетни барања
  • Модул за синхронизација со други системи
  • Модул за мониторинг на корисничките активности

Компании кои користат Е-Иншур:

  • ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп
  • АЛБСИГ
  • ИНСИГ
  • ИНТЕРАЛБАНИАН - Албанија
  • ИНТЕРСИГ - Албанија
  • СИГМА - Албанија
  • АТЛАНТИК - Албанија
  • АНСИГ - Албанија
  • СИГМА - Косово

За повеќе информации, ве молиме контактирајте не:

Тел. 1: (+ 389 2) 3127 323
Тел. 2: (+ 389 2) 3128 462

Е-маил: edusoft@edusoft.com.mk