Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Услуги >> Развој на софтверски продукти

Развој на софтверски продукти

Производното инженерство не е само следење на процеси, туку бара големо искуство и експертиза. Развојот на продукти вклучува постојано вклучување на нови идеи, држење чекор со очекувањата на корисникот, приспособување на постојано променливите технологии, скусување на маргините на времето и трошоците и прилагодување на трансформацијата на вклучените модули која резултира во најдобар развој на софтверски продукт.

ЕДУСОФТ нуди услуги за развој на софтверски продукти на независни софтверски вендори (ISVs) ширум светот. Со следење на нашите јаки принципи за успех, ние им помагаме на нашите клиенти во обликувањето на нивната визија и реализирањето на нивната цел.

Нашите понуди за развој на софтверски продукти вклучуваат:

  • Преведување на визијата за продуктот во дефиниција на продуктот и градење на концепт
  • Анализирање и документирање на системските барања
  • Архитектура и дизајнирање на продуктот со користење на индустриските стандардни алатки за дизајн и документациски урнеци
  • Развивање на продуктот врз база на најпогодни и докажани методологии
  • Екстензивно тестирање и обезбедување на квалитет за да се осигура bug-free краен продукт
  • Овозможување на крос – платформска достапност на вашиот продукт (Windows/Linux)
  • Постојана поддршка во текот на животниот циклус на продуктот т.е. прифаќање на барањата за промена, подобрувања, откривање на проблеми и поддршка
  • Ре-инженеринг на развиените софтверски продукти со помош на најновите технологии

Нашите инженерски практики за развој на софтверски продукти вклучуваат докажани процеси, високо продуктивни развојни алатки, флексибилни комуникациски методи, одлични управувачки алатки и агилен развој на продуктот. Ние им овозможуваме на нашите клиенти побрзо да иновираат и да ја оптимизираат реализацијата на иновацијата со пружање на Достапност, Агилност и Сигурност во текот на целиот животен циклус на продуктот.