Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Услуги >> Прилагоден развој на софтвер

Прилагоден развој на софтвер

Ако барате долгорочен сигурен партнер за реализација на нови иновативни идеи кои ќе им обезбедат на вашите клиенти дополнителна вредност и ќе го диференциираат вашиот бизнис во жестоката конкурентска околина, тоа е ЕДУСОФТ кој може да ви испорача резултат. Од паметна кастимизација на пред-развојни платформи до целосен циклус на развој на кастимизиран софтвер според визијата на клиентот, ЕДУСОФТ е искусен развоен партнер кој ќе ви испорача трошковно ефикасни и сигурни софтверски решенија кои ги задоволуваат вашите специфични и единствени барања.

Нашата процедура за прилагоден развој на софтвер

Вие ни кажувате каков вид на решение ви е потребно, како сакате да работи, кои бизнис процеси сакате да се вклучени за да може ние да изградиме решение токму според вашите барања. Ние секогаш ја имаме во предвид идејата за иден развој на вашиот бизнис, така што вашето решение ќе биде направено скалесто и флексибилно за да може подоцна да се модифицира или трансформира согласно растот на вашиот бизнис.

Од стартот на проектот, вие ќе ги препознаете технолошките вештини на нашиот тим, експертизата во доменот проектен менаџмент – од дефинирање на првичните барања и моделирањето на бизнис процесите до обука на корисниците и поддршка и одржување на решението.

ЕДУСОФТ воообичаено сугерира поделба на целиот проект во неколку итерации (добро дефинирани временски периоди со фиксни цели и резултати). Ваквиот итеративен пристап ги има следниве предности:

  • Транспарентност: Секоја итерациона испорака е навремена и во рамките на буџетот.
  • Сигурност: Секоја испорака е предмет на процедури на прифаќање за да се потврди дека барањата се задоволени.
  • Готова верзија за употреба: Секоја испорака содржи по некоја од очекуваните функционалности и може веднаш да се стави во употреба.

Технологии и процес на развој

ЕДУСОФТ има повеќе од 20 години искуство во развојот на кастимизиран софтвер. Нашата експертиза се состои од опсежен сет на алатки и технологии кои ни овозможуваат да ги изведуваме најсложените и најпредизвикувачките проекти и да ги задоволиме барањата и очекувањата на клиентот. За да ги намалиме трошоците и да обезбедиме ефикасни резултати, ние алоцираме добро избалансирани проектни тимови кои најдобро се вклопуваат во проектните цели и софтверските барања. Нашите развивачи, софтверски архитекти, аналитичари, координатори и проектни менаџери го имаат за предност системот за управување со знаењето на ЕДУСОФТ и постојаните процесни подобрувања.

Проект Менаџмент

Повеќегодишното имплементаторско искуство му овозможува на ЕДУСОФТ да ги аплицира нај ефикасните практики од сите користени методологии земајќи ги во предвид само реалните потреби во еден ефикасен, транспарентен и предвидлив процес. Ние обезбедуваме зрел и квалитетен проект менаџмент, фокусирајќи се на следниве елементи:

  • Проектна комуникација
  • Управување со барањата
  • Управување со промените
  • Управување со ризикот
  • Обезбедување на квалитет
  • Трансфер на компетенции
  • Извештаи

Обезбедување на квалитетот е суштински дел од секоја имплементациска методологија. ЕДУСОФТ има високо професионално и добро опремено независно одделение за квалитет кое врши контрола и проверка на квалитетот на софтверот. Прочитајте повеќе за системот за квалитет на ЕДУСОФТ.

Домени

Развој на компаниски решенија

Ние имаме солидни вештини и богата експертиза во градењето на компаниски решенија со разни нивоа на сложеност. Нашето искуство во Управувањето со Бизнис Процесите, Планирањето на Ресурсите, Управување со Корисничките Односи, Соработката и другите бизнис домени ни овозможува на нашите клиенти да им ги понудиме најдобрите практики и решенија.

Развој на веб-базирани решенија

Едусофт развива богати и функционални веб апликации, страници и портали за корпоративни и интернет фокусирани проекти: E-commerce, Online Servicing и Order Processing, Social Networking и многу други.

Развој на десктоп апликации

Ние креираме крос-платформски самостојни и клиент-сервер бизнис апликации осигурувајќи стабилно функционирање, висока перформанса и корисност.