Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Софтвер >> ЕРП Систем >> Лабораториски Информационен Систем

Лабораториски Информационен Систем (ЛИМС)

ЛИМС е комплексен, сеопфатен информационен систем кој се користи во процесот на лабораториски анализи на примероците кои се донесуваат во лабораторијата за:

  • Редовни тестови
  • Идентификација на причините за одредена клиничка болест
  • Екстерминирање на заболените животни
  • Различни истражувања

LIMS се користи за регистрирање на целокупното движење на примероците донесени за тестирање во различни лаборатории, како и складирање на сите применети методи и болести за кои примерокот бил тестиран.

Карактеристики на ЛИМС:

  • Стандардни протоколи за собирање и упатување на примероците за лабораториско испитување
  • Кастимизација на стандардните податоци користени за опис на примероците што се донесени за лабораториско испитување
  • Едноставно регистрирање и управување со сите резултати од извршените лабораториски анализи на примероците
  • Размена на потребните информации помеѓу лабораториите, одделенијата и ветеринарните инспектори
  • Целосно автоматизиран процес на фактурирање за извршените услуги и лабораториски анализи, што обезбедува комплетен финансиски статус на лабораториите во секое време
  • Пресметка на времето потрошено за лабораториска анализа за секој примерок, од моментот на прием до издавањето на крајниот резултат на тестот

ЛИМС е достапен во web и windows базирана верзија.

Институции кои користат ЛИМС:

  • Факултет за ветеринарна медицина, Скопје, Р. Северна Македонија

За повеќе информации, ве молиме контактирајте не:

Тел. 1: (+ 389 2) 3127 323
Тел. 2: (+ 389 2) 3128 462

Е-маил: edusoft@edusoft.com.mk