Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Компанија >> За нас

За нас

ЕДУСОФТ е професионална софтверска компанија која што е специјализирана за дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации.

Основан во 1990 година во Скопје, Република Македонија, ЕДУСОФТ постојано произведува високо квалитетен софтвер развиен со помош на софистицирани технологии кој работи на различни платформи.

Нашето портфолио се состои од голем број на реализирани софтверски проекти наменети за различни сектори како: осигурување, правсудство, ветерина, јавен сектор, локална самоуправа, градежништво и други.

ЕДУСОФТ со гордост го истакнува високо етичкиот пристап кон бизнисот и оваа заложба доаѓа од врвот па надолу. Повеќето наши вработени даваат долгогодишен значаен придонес во работата, и ова богатство од искуство редовно се освежува со млади, талентирани луѓе кои се придружуваат на нашата компанија, често пати директно од факултетските клупи.

Главните вредности на Едусофт

Квалитет на нашите продукти и услуги

Ние тежнееме кон производство на софтвер со највисок квалитет кој ќе биде достапен насекаде во индустријата.

Задоволство на корисникот

Нашите клиенти се фокусната точка на нашиот софтверски развој. Ова е потребно за да се максимизира корисноста на софтверот кој го создаваме. Одличната комуникација е потребна за успехот во напорот за развој на софтверот. Се стремиме да изградиме тесни деловни односи со нашите клиенти пред, за време и по развојот на софтверот. Со гордост го поддржуваме нашиот софтвер, со желба да го максимизираме задоволството на нашите корисници со софтверот што го создаваме за нив.

Постојано подобрување

Софтверската индустрија е преполна со технологија. Многу индивидуални технологии се широки во опсегот и богати во карактеристиките. Од суштинско значење е овие технологии постојано да се изучуваат, секогаш тежнеејќи кон совршени вештини во тие области. Исто така, потребно е напоредно да се следат новите идеи, алатки и техники. Ние во ЕДУСОФТ го препознаваме ова и постојано работиме на зголемување на длабочината и широчината на нашето знаење и вештини за развој на софтвер.

Сертификати за квалитет

  • ISO 9001 стандард за квалитет за дизајн и имплементација на софтверски системи и информатички консалтинг
  • ISO/IEC 20000 стандард за управување со IT сервиси
  • ISO 27001:2013 стандард за системи за управување со безбедност на информации