Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Услуги >> Аутсорсинг

Аутсорсинг

Едусофт нуди аутсорсинг услуги за развој на кастимизиран софтвер. Експертизата на нашите развивачи ветува висок квалитет и трошковно ефективен развој на кастимизирана апликација. Ние имаме големо искуство во многу информатички специјалности, вклучувајќи ИТ консалтинг, развој на софтвер, софтверски аутсорсинг, веб решенија, посветен Р&Д, интеграција и одржување на апликации.

Некои од нашите индустрии на кои сме фокусирани ги вклучуваат: Осигурување & Здравствена заштита, финансиски услуги, правосудство, градежништво, итн. Моделот на совршеност на ЕДУСОФТ вклучува најмување само на талентирани специјалисти, пружајќи им вистинска бизнис обука за систематско пазарно истражување.

Посветени тимови

Посветени развојни тимови се формираат за поголеми проекти кои изискуваат разновидни ресурси за да се завршат. Најголемата предност на посветениот тим е тоа што е способен да соработува и со офшор ресурси во рамките на тимот и да обезбедува непосреден фидбек за развојниот процес. Посветените развојни ресурси им пружаат најголема флексибилност на организациите со минимум достапност на оншор ресурсите. Типично, посветениот тим вклучува програмер / проектен лидер, еден или двајца дополнителни програмери и аналитичари за квалитет во процесот на тестирање.