Одржување и корисничка поддршка

Софтверските компании постојано се соочуваат со предизвици во поддршката и одржувањето на нивните софтверски продукти низ целиот животен циклус на продуктот почнувајќи од неговото лансирање до крајот. Со цел обезбедување поддршка на постоечките клиенти, ние често пати мораме да ги прошириме нашите инженерски ресурси од развој на продукти на пружање поддршка на постоечките клиенти и одржување на постоечките софтверски верзии.

ЕДУСОФТ им обезбедува на своите клиенти сигурна и високо квалитетна софтверска поддршка и негово одржување. Нашиот тим за поддршка е мешавина од специјалисти од разни домени и технологии и спремни се во секое време и на секое место да ја дадат потребната поддршка на нашите клиенти.

Услугите на поддршка и одржување што ги нуди ЕДУСОФТ вклучуваат:

  • Ниво 1 на поддршка – Вклучува говорна поддршка, хелпдеск и поддршка по е-маил.
  • Поправка на грешки – Откривање и поправка на неуочени грешки со континуирано одржување.
  • Управување со верзиите и разместување на локација кај клиентот – Управување со различни верзии, печови, креирање на сервисни пакови, нивно тестирање на симулирана ИТ околина на клиентот, нивно пуштање кај клиентите и помош при разместувањето кај корисничките инсталации.
  • Ниво 2 и Ниво 3 Поддршка - Реактивна и Проактивна поддршка онаму каде тимот на ЕДУСОФТ ги мониторира корисничките инсталации, далечинска и поддршка на лице место кај корисникот.

Софтверската поддршка и одржување нормално се прават на долгорочна основа каде ЕДУСОФТ ја презема целосната одговорност во разбирањето на барањата за поддршка и соодветна обука на инженерите за поддршка.