| 2ра Регионална Министерска Конференција на Југоисточна Европа за „Ефективно Демократско Владеење на Локално и Регионално Ниво“, 8-9 ноември, Скопје |
|
|
|
Во организација на Владата на Република Македонија, а под покровителство на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа и Советот на Европа, на 8 и 9 ноември оваа година во Скопје, се одржa II-та Регионална министерска конференција на министрите за локална самоуправа на тема „Поефикасно демократско владеење на локално и регионално ниво“.
Целите на конференцијата беа:
- преглед на постојната состојба на локалната власт во земјите кориснички на помошта на Пактот за стабилност;
- оценка на направениот напредок направен во областа на децентрализираното владеење од првата регионалната конференција одржана во Загреб (Хрватска) на 25 и 26 октомври 2004; и
- поттикнување на реформите кон зајакнување на локалната демократија во Југоисточна Европа, и воедно охрабрување на поддршката на меѓународната донаторска заедница, на проектите кои се базирани на конкретните потребите на секоја од земјите учеснички.
На Конференцијата учествуваа:
- Министрите одговорни за локалната самоуправа во државите кориснички на помошта на Пактот за стабилност од Југоисточна Европа: Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина (Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска), Молдова, Црна Гора, Србија, Романиа и Македонија.
- Претставниците на: Комитетот на регионите на ЕУ; Претседавачот на Советот на Европската Унија; Европската комисија, OCDE, UNDP EUROPE, Светска Банка – Канцеларија во Париз, Канцеларијата за демократски институции и човекови права ODIHR на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OCDE)
- Претставниците на асоцијациите на локалните власти на земјите учеснички на Коференцијата.
- Претставници на донаторската заедница.
|