ISO 9001:2000 стандард

Едусофт е организирана во согласност стандардот ИСО9001 од 05.05.2002 година. Овој систем подеднакво ги заштитува нашите интереси и оние на нашите корисници, зошто бара да изградиме стратешки хоризонт на нашата дејност, и да определиме мерливи цели за негово достигнување.

Според нашата Политика за Квалитет, наши постојани цели се:

1. Разбирање и задоволување на барањата на купувачите.

2. Осмислување, проектирање и реализација на информациски системи во согласност со условите на додадена вредност.

3. Мерење на резултатите од извршената работа во однос на планираните.

4. Постојано подобрување на работењето врз основа на објективни мерења.

5. Промовирање на соработка, партнерство и алијанси во опкружувањето.


Стратешкиот план за 2008 г. произлегува од нашите трајни цели. Определивме мерливи и повторливи карактеристики како мерки за следните цели:

1. Подобрување на понудата на нашите услуги преку подобро разбирање на барањата на купувачите и подобро претставување.

2. Реално вреднување на работењето преку постојано мерење на направените трошоци во однос на заработувачката.

3. Подобрување на квалитетот на работењето преку воведување на нови технологии во хартвер и софтвер, обука и посета на саеми на информатичка технологија.

4. Унапредување на работната околина преку водење сметка за амбиентот на просториите во кои се работи.

5. Унапредување на системот за раководење со работењето преку натамошна стандардизација на процесите и определување на нови мерки за нивна анализа и постојано подобрување.