MCMS - Систем за управување со прекршочна постапка
Овој проект е наменет за прекршочните судови и овозможува:
- Поддршка и реинженеринг на процесите на обработка на предмети во прекршочната постапка, елиминирајќи ги непотребните задачи, автоматизирајќи ги задачите кои се повторуваат , поедноставувајќи ги истите од комплексноста при што значајно се намалуваат т.н. “тесни грла” при протокот на документацијата за еден предмет
- Комплетна интеграција, дистрибуција и поделба на квалитетни информации низ судскиот систем и надворешните ентитети со максимално зголемување на пристапноста до информациите
- Обезбедување на потребните податоци и алатки за анализи кои ќе помогнат на судскиот менаџмент во креирањето на политиката во процесот на донесување на одлуки
- Обезбедување на едноставен и прифатлив начин за контрола и одржување на целиот систем за управување со прекршочна постапка од една централна локација
Повеќе информации:
|
ICIS - Интегриран судски информациски систем
Претставува робусен и комплексен информациски систем со кој се
опфатени сите аспекти од управувањето со судски постапки во сите три
нивоа на судови во Р. Македонија и тоа:
- Основни судови
- Апелациони судови
- Врховен суд
Овој информациски систем овозможува автоматизација на работните
процеси во сите нивоa на судовите со максимален квалитет и целосна
контрола на документите кои пристигнуваат во судовите како и на
документите кои се креираат во самите судови.
Повеќе информации:
|
Информациски систем на Државен Инспекторат на Трудот на Р. Македонија
Со овој проект е овозможена комплетна автоматизација на работењето на Државниот Инспекторат на Трудот н централната локација во Скопје и 34 подрачни единици низ Република Македонија.
Повеќе информации:
|
NEIS - Национален епизотиолошки информациски систем
Системот овозможува креирање и одржување на базите на податоци релевантни за следење на информациите за:
- Заразни болести кај животни
- Испитувања, вакцинации и третирањe на животни
- Ендемски болести
- Банки на серуми
Повеќе информации:
|
LABIS - Лабораториски информациски систем
Овој информациски систем претставува надградба на NEIS (Национален Епизотиолошки Информациски Систем), со што се воспоставува еден информациски канал преку кој се пренесуваат сите информации од лабораториските анализи до крајните корисници, ветеринарната управа и ветеринарните инспектори.
Повеќе информации:
|
INSURE - Информациски систем на осигурителни компании
Овој интегрален информациски систем наменет за Осигурителните компании ги содржи следните апликации:
- Стандардни книговодствени апликации
- Финансиско работење со планирање на буџет
- Основни средства
- Персонална евиденција
- Пресметка на плати
- Специфични апликации за осигурителни компании
- Евиденција и администрирање на Полиси за осигурување
- Администрирање на штети
Повеќе информации:
|
FMS - Систем за финансиски менаџмент на проекти финансирани од Светска Банка
Овој систем е наменет за следење на проекти финансирани од Светска Банка.
Апликацијата се користи во Проектните единици со цел да се следи извршувањето на проектите како и изработка на различни извештаи и прегледи кои се дефинирани од страна на Светска Банка.
Повеќе информации:
|
Систем за архивирање на мултимедијални информации
Со помош на овој систем е овозможено архивирање на следните видови на информации:
- Документи кои постојат или се креираат од страна на корисниците:
- Фајлови во Word формат
- Фајлови во Excel формат
- Фајлови во PowerPoint формат
- Дигитализирани видео или аудио фајлови во системот кои се во некој од аудио или видео формат (avi, wmf ...)
- Скенирани документи, фотографии, и други фајлови во системот кои се во некој од графичките формати (bmp,gif,..)
- Останати информации сместени на CD, DVD, VHS касети, аудио касети и слично, за кои ке се води евиденција за локација
Повеќе информации:
|
Информациски систем на Заводот за вработување на Р. Македонија
Овој проект е изработен за потребите на секторот за Труд и Вработување при Министерството за Труд на Косово во кој што е опфатено развој, дизајн, програмирање и имплементација на База на податоци, која што ги содржи следните основни функции:
- Регистрирање на баратели на работа во 7 Регионални Центри за Вработување и Општинските канцеларии за вработување
- Регистрирање на слободни работни места
- Регистрирање на сите податоци за курсистите во Центрите за Професионално Оспособување
- Посредување при вработување, пополување на слободните работни места со барателите на работа врз основа на критериумите одредени од страна на работодавачите
- Генерирање на различни периодични статистички извештаи по разни категории, анализа на податоците како и печатење на разни формулари кои се во врска со барателите на работа, и т.н.
Повеќе информации:
|
CyberMatematika - Имплементцаија на Интернет технологија во примената на компјутерите во наставата по Математика во основните училишта
Овој проект овозможува користење на апликацијата со користење на
Интернет технологијата, при што копмујтерски подготвениот материјал
по предметот Математика е достапен до голем број на ученици од
основните училишта и други заинтересирани корисници.
Овој проект е развиен и како client-server апликација , која користи база
на податоци во која се внесени сите методски единици по предметот
математика од 5. до 8. одделение, евиденцијата на учениците како и
резултатите од работењето.
Повеќе информации:
|
Информациски систем на Републичка управа за прашања на борците и воените инвалиди на Македонија
Основна цел на овој проект е да досегашниот класичен начин на работа во Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди се замени со современ и едноставен начин на компјутерска обработка, при што е запазен модуларниот пристап кој ќе овозможи вклучување на сите одделенија по подрачните единици , во овој информациски систем.
Повеќе информации:
|
Електронски интер-банкарски систем за клириншка куќа на Косово
Со овој проект се опфатени дизајнот, развојот и имплементацијата на системот за интербанкарски плаќања на клириншката куќа во Косово
Повеќе информации:
|
Интерактивна База на податоци на Косовски Полициски Сервис
Овој информациски систем базира на управување на базата со податоци на Косовскиот Полициски Сервис (KPS). Едната апликација се користи за пристап до базата од локалната корпорациска мрежа во централниот оддел на KPS (KPS HQ), додека другата WEB апликација пристапува до базата преку Internet, WEB серверот и WEB апликацискиот сервер.
Повеќе информации:
|
Креирање и одржување на База на податоци на основниот пензиски фонд на Косово
Апликација со која е овозможено одржување и надградба на базата на корисници на основниот пензиски фонд на Косово.
Базата содржи податоци за околу 130.000 корисници и истата ја користат околу 40 крајни корисници во фондот за пензиско осигурување на Косово.
Повеќе информации:
|
Информациски систем на секторот за Труд и Вработување при Министертсвото за Труд на Косово
Oвозможува подигање на квалитетот на услугите кон работодавачите од страна на Институциите за Вработување, обезбедување со ефикасни информации како и точно и благовремено информирање за менаџментот, со што се овозможува следење на реалната состојба на невработеноста, вработеноста, и оспособувањето на барателите на работа во Косово.
Повеќе информации:
|
Информациски систем на Судски и Обвинителски Совет на Косово
Со овој проект е овозможена комплетна автоматизација на работењето на Државниот Инспекторат на Трудот на централната локација во Скопје и 34 подрачни единици низ Република Македонија.
Повеќе информации:
|
|
|