ЕДУСОФТ потпиша договор со осигурителната компанија АТЛАНТИК од Тирана за имплементација на софтверското решение E-Insure

03.06.2010. ЕДУСОФТ потпиша договор со осигурителната компанија АТЛАНТИК од Тирана за развој и имплементација на WEB базиран систем e-insure

Ова решение овозможува on-line продажба и администрирање на сите продукти кои ги нуди оваа осигурителна компанија, со можност за комуникација преку определени web сервиси и со останатите институции и брокерски друштва кои се вклучени во процесот на продажба.

Системот e-insure содржи и менаџерски модул, наменет за ракодството на компанијата, преку кој се изработуваат најразновидни извештаи и прегледи со можност за едноставна графичка презентација на обработените податоци.