ЕДУСОФТ потпиша договор со општина Ѓорче Петров за развој и имплементација на софтвер за управна статистика и софтвер за претставки и предлози

27.04.2010. ЕДУСОФТ потпиша договор со општина Ѓорче Петров за развој и имплементација на веб базирано софтверско решение за управна статистика и евиденција на претставки и предлози.

Модулот за управна статистика овозможува автоматизација на процесот на водење евиденција на управната статистика, како и генерирање на извештаи од управната статистика. Апликацијата овозможува внос и едитирање на сите податоци содржани во предметите од првостепената управа постапка, односно во образец Уп-1. Врз основа на внесените податоци апликацијата овозможува генерирање на Извештај со податоци кои што се однесуваат на управната статистика за предметите од првостепената управна постапка, односно генерирање на Образец Из-1.

Модулот за претставки и предлози го автоматизира процесот на водење евиденција за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите, односно податоците содржани во Образец УПП. Врз основа на внесените податоци, апликацијата овозможува и генерирање на Извештај со податоци што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите , односно генерирање на Образец ИПП.