|
18.11.2009. ЕДУСОФТ во конзорциум со НЕОКОМ потпиша договор со УНИЦЕФ за развој и имплементација на Информациски Систем за Социјална Заштита.
Овој информациски систем ќе го користат Заводот за социјални дејности како и Центрите за социјална работа во склоп на Министесртвото за труд и социјална политика на Р. Македонија.
Центрите за социјална работа ќе го користат овој информациски систем во нивната секојдневна работа, за внесување на оперативни и аналитички податоци за корисниците на социјална заштита.
Бројот на очекувани кориници на Информацискиот Систем за Социјална Заштита е даден низ следните бројки: Заводот за социјални дејности ќе има 20 корисници, Центарот за социјална работа во Скопје околу 120 корисника, додека останатите 30 Центри за социјална работа ќе имаат до 40 корисника или приближно околу 1340 корисника вкупно.
|