|
04.11.2009 ЕДУСОФТ во конзорциум со СЕМОС потпиша договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија за развој и имплементација на Ветеринарен информациски систем – ВИС.
Како подизведувач, задолжен за реализација на ГИС компонентата на овој систем е ангажирана компанијата ГИСДАТА.
Овој проект треба да овозможи интеграција на постоечките модули од системот за идентификација и регистрација на животни (I & R), како и дизајн и развој на следните нови модули:
- Модул за здравје на животните
- Модул за јавно здравје
- Модул за генерирање на извештаи
Предвидена е обука на околу 100 корисници на овој систем.
|