ЕДУСОФТ и USAID JRIP потпишаа договор за имплементација на апликацијата JCCMIS

15.10.2009 Едусофт и Проектот за имплементација на реформи во судството (JRIP) на USAID потпишаа договор за имплементација на Информациски систем за управување со предмети на Републички Судскиот Совет на Македонија (Judicial Council Case Management Information System - JCCMIS). Главната цел на овој проект е подобрување и модернизација на Судскиот систем и понатамошен придонес кон зајакнување на правосудството во Република Македонија.

Изработката на апликацијата JCСMIS ќе се одвива во периодот од 15-ти Октомври до 31-ви Март 2010 година.

JCCMIS софтверот ќе го автоматизира процесирањето и следењето на поднесените жалби, оценување на тие податоци и креирање на поврзани извештаи во Републичкиот судски совет на Македонија, како независно тело во правосудството кое, со обавување на своите функции ја обезбедува независноста и самоуправувањето во судството.

Подрачје на работа:

  • Креирање комплетна и детална техничка спецификација базирана на информации добиени од експерти на Републичкиот Судскиот Совет
  • Развој, инсталација и имплементација на JCCMIS
  • Обука на крајните корисници за соодветно и правилно користење на апликацијата JCCMIS
  • Обука на ИТ персоналот за соодветно и правилно одржување на JCCMIS
  • Едногодишна бесплатна гаранција и пост-гарантно одржување за период од 5 години платено од USAID/JRIP во рамките на потпишаниот општ ACCMIS догвор.

За повеќе информации во врска со JCCMIS проектот, како и останатите Едусофт производи, слободно контактирајте нè.