ЕДУСОФТ потпиша договор со Министерство за правда за развој и имплементација на веб апликации за евиденција на нотари, медијатори, судски извршители и адвокати

Скопје, 06.08.2009. ЕДУСОФТ во конзорциум со НЕОКОМ потпиша договор со Министерството за правда на Република Македонија за развој и имплементација на веб апликации за евиденција на нотари, медијатори, судски извршители и адвокати.

Ова решение ќе биде составено од два дела и тоа:

  • Јавен дел кој ќе содржи информации од јавен карактер за кои не се потребни привилегии за пристап и
  • Заштитен дел до кој ќе имаат пристап само овластени корисници и кој ќе служи за:
    • Администрирање на јавниот дел на апликацијата
    • Администрирање на корисничкиот пристап со цел да се обезбеди интегритетот на податоци
    • Унапредување на работата на Секторот за надзор на нотари, медијатори и извршители при Министерството за правда
    • Помош на работата на нотарите,медијаторите, извршителите и адвокатите на кои ќе им биде доделен пристап до одредени информации

Делот наменет за Секторот за надзор на работата на нотарите, медијаторите и извршителите, во склоп на Министерството за правда, ќе содржи:

  • Електронско досие на нотарот односно, медијаторот или судскиот извршител
  • Извештаи од редовни и вонредни надзори
  • Изречени дисциплински мерки
  • Преглед на добиени предмети од судовите
  • Изработка на пропишани извештаи
  • Статистички модул
  • Модул за on-line аплицирање на кандидатите за полагање на испит
  • Модул за верификација на испратената апликација од страна на кандидатот за полагање на испит
  • Модул за публикување на резултати од спроведени испити
  • Модул за пребарување по различни критериуми
  • по подрачје на основен суд
  • по општина
  • по име и презиме
  • Модул за приказ на законска регулатива
  • Модул за информирање и публикување на новости