|
ЕДУСОФТ во конзорциум со НЕОКОМ и НЕКСТСЕНС потпиша договор со Aгенцијата за вработување на Република Македонија за изработка и имплементација на софтверско решение за севкупното работење на Aгенцијата за вработување на Република Македонија.
Ова софтверско решение ги содржи следните три дела кои претставуваат функционални и технолошки целини и тоа:
- Дел 1. Софтвер за основните активности на Агенцијата за вработување, односно за услугите кон клиентите - web ориентирана апликација со централна база на податоци.
- Дел 2. Софтвер за интерното работење на Агенцијата за вработување (стандардни апликации за финансиско-сметководствено работење, персонална евиденција, пресметка на плата и слично, прилагодени на работењето на Агенцијата за вработување).
- Дел 3. Имплементација на DataWareHouse и Business Intelligence систем на централната база на податоци.
По имплементацијата на овој проект, ќе биде овозможено автоматизирање на целокупното работење на Агенцијата за вработување и 30 центри за вработување низ Р. Македонија, во кое , помеѓу останатите, се опфатени и следните активности:
- Посредување при вработување
- Спроведување на разни активни мерки за вработување
- Подготовка за вработување
- Професионална ориентација
- Вработување на инвалидни лица
- Огласување на слободни работни места, пријавување и
одјавуваање на работни односи
- Воведување вр евиденција на невработено лице
- Редовно јавување на невработено лице
- Право на паричен надомест по основ на невработеност
- Право на здравствена заштита по основ на невработеност
- Издавање на одобренија за вработување на странски државјани
|