На 4 декември 2008. година, под покровителство на УСАИД Проектот за имплементација на судските реформи (ЈРИП) беше организирана презентација и демонстрација на каракретистиките на АКМИС апликацијата пред Министерот за правда Михајло Маневски и Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Беше даден краток вовед за активноста, она што е направено до сега и идните планирани активности. Потоа е направена практична демонстрација на функционалностите на софтверот во сите фази на процесуирање на судските предмети.
По демонстрацијата, Министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд ги дадоа своите коментари за софтверот и неговите технички карактеристики и ја изразија својата определба да ја поддржат оваа клучна активност за судството во нејзиното спроведување.
Беше истакнато дека до крајот на 2008 година, АКМИС ќе биде тестиран во Основниот суд Охрид и во Врховниот суд. Во текот на 2009 година системот ќе биде инсталиран во секој суд и ќе биде обезбедена обука на работното место на 2500 корисници во судовите.
До крајот на 2009 се очекува АКМИС да биде операционализиран во секојдневната работа на судовите.
|