Инсталирана нова верзија на ЕРП софтверскиот пакет во новоотворениот Дистрибутивен продажен центар на Цементара ТИТАН УСЈЕ во Љипљан, Косово

Скопје, 03.09.2008. На 03 Септември 2008, во новоотворениот Дистрибутивен продажен центар на Цементара ТИТАН УСЈЕ во Љипљан, Косово, инсталирана е нова верзија на ЕРП софтверскиот пакет во кој се вклучени модулите за Продажба со следење на залихи, Финансиско работење и Основни средства.

Со ова софтверско решение е овозоможена и едновремена продажба од локацијата во Скопје со користење на Интернет, при што е имплементирана автоматска репликација на базата на податоци од Косово во Скопје.

Карактеристично за ова софтверско решение е дека продажбата на цемент е олеснета со автоматизирана процедура за полнење на цистерните со цемент.

Секој возач, при влезот, на капија добива РФ картичка со податоци за цистерната со колкава количина на цемент треба да биде наполнета. На вагата, возачот користејки ја само РФ картичката, иницира автоматско полнење на цистерната. При излез, на капијата, возачот добива Фактура која автоматски се подготвува од системот.

Овој ЕРП пакет нуди дополнителна можност за директна комуникација со вагата, доколку РФ читачите откажат.

Моменталната материјална и финансиска состојба во Дистрибутивниот центар во Косово можно е да се контролира во централата на ТИТАН во Скопје.