Едусофт потпиша договор со USAID JRIP за имплементација
на апликацијата АКМИС

Скопје, 01.09.2008. Едусофт и Проектот за имплементација на реформи во судството (JRIP) на USAID потпишаа договор за имплементација на Информациски Систем за Автоматско Управување со Судски Предмети (АКМИС). Главната цел на овој проект е да ја поддржи имплементацијата на реформи во судството како и да допринесе во унапредување на материјални ресурси. Едусофт ке го обезбеди софтверскиот пакет, како и инсталацијата во сите судови во Македонија, ќе обучи повеќе од 2000 крајни корисници и ќе обезбеди поддршка и одржување на системот во текот на наредните 5 години.

Овој проект ќе се изведува од Септември 2008 до Јануари 2016.

AKMIS софтверот ќе биде инсталиран на вкупно 36 локации, и тоа:

  • Врховен суд на Република Македонија
  • Апелациони судови (Скопје, Битола, Штип, Гостивар)
  • Управен суд во Скопје
  • Основни судови (Скопје 1, Скопје 2, Битола, Прилеп, Неготино, Ресен, Охрид, Гевгелија, Крушево, Велес, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Штип, Кочани, Виница, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Струга, Делчево, Берово, Кавадарци)
  • Судскиот Совет
  • Академија за обука на судии и јавни обвинители
  • Министерство за правда

За време на церемонијата на свеченото потпишување на договорот, г-дин Sam Juncker, раководител на JRIP проектот, истакна дека овој проект е од исклучително значење за нив. Тој исто така изрази надеж дека АКМИС ќе допринесе за подобрување на целокупниот процес на управување со судските предмети и ќе ја зголеми ефикасноста во работењето на судовите.

Информациски Систем за Автоматско Управување со Судски Предмети (АКМИС) ќе се користи за обработка на сите предмети во сите судови во македонското судство. Целите на овој проект се да се изработи, тестира, документира, инсталира, обучи, имплементира и поддржи АКМИС, кој што:

  • Функционира On-line во реално време,
  • Нуди услуги 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината,
  • Дозволува соодветен јавен пристап, и
  • Обезбедува комплетни извештаи за потребите на менаџментот

За повеќе информации во врска со проектот ACCMIS, како и за други производи на Едусофт, Ве молиме контактирајте не.

[ Назад на главна страна ]