Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Софтвер >> Автоматизиран информационен систем за управување со судски предмети

Автоматизиран информационен систем за управување со судски предмети

Автоматизираниот информационен систем за управување со судските предмети (АКМИС) е робусен систем со сите карактеристики кој ги автоматизира и следи сите аспекти на животниот циклус на предметите од иницијалното отварање на предметот преку негово доделување било да е кривичен, прекршочен, граѓански и др. Било да се работи за општа или ограничена јурисдикција и независно за каков предмет се работи – нашиот систем за управување со судските предмети обезбедува комплетно решение за службениците, судиите и сите останати учесници вклучени во процесот на решавање на судскиот предмет. Бидејќи нашата експертиза се протега од спроведување на законот и управување со податоците па се до корективите и супервизијата, на многу од нашите клиенти им е олеснето секојдневното работење со користење на АКМИС.

Карактеристики:

  • Ги покрива сите аспекти на управување со судските предмети во сите видови на судови
  • Работи онлајн во реално време
  • Обезбедува 24 часовна услуга, седум дена во неделата, 365 дена во годината
  • Високо скалабилен систем кој може да работи во сите видови на судови со различна организациона структура
  • Обезбедува комплетна безбедност на информациите и податоците
  • Обезбедува генерирање на најразлични извештаи
  • Значително ги намалува повторливите задачи
  • Во голема мера го подобрува квалитетот на податоците
  • Обезбедува подобрена статистика и мониторинг

Институции кои користат АКМИС:

Од 2010, Автоматизираниот информационен систем за управување со судските предмети (АКМИС), е оперативен во сите 34 судови во Република Северна Македонија, заменувајќи го рачното процесирање на предметите и овозможувајќи им на судовите да станат поефикасни и потранспарентни. Во комбинација со обука за развој на комуникациска стартегија, јавно информирање, услуга на корисниците, управување со предметите и судската администрација, автоматизацијата на судските процеси и овозможува на јавноста прозорец кон правосудниот систем на земјата.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте не:

Тел. 1: (+ 389 2) 3127 323
Тел. 2: (+ 389 2) 3128 462
Е-маил: edusoft@edusoft.com.mk