Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Софтвер >> Информатички систем за шумски пожари

Информатички систем за шумски пожари (ФФИС)

Својот допринесво превенцијата на шумските пожари и намалување на последиците од нив, овој ГИС базиран систем го дава преку евидентирање и складирање на податоците, преку нивната обработка и анализа, како и преку објавување на резултатите и предвидувањата и испраќање навремено предупредување за можна опасност. Системот користи Web, GIS и GPS технологииза преставувањекартографски приказ (мапи) на метеоролошките услови, потенцијални огнени жаришта, типот и сувоста на загрозената вегетација, проценетиот ризик од избивање пожар, како и историјатот на пожари.

FFIS е лесен за користење и со мноштво функционалности, внимателно развиен во тесна соработка со меѓународно признати експерти во областа на шумски пожари, во рамките на заедничкиот проект на „Јапонската организација за меѓународен развој (JapanInternational Cooperation Agency-JICA)“, македонскиот „Центар за управување во кризи“ (ЦУК), јавното претпријатие „Македонски шуми“ (ЈПМШ), Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство“ (МЗШВ), „Управата за хидрометеоролошки работи“ (УХМР), „Шумарскиот факултет“, како и на „Дирекцијата за заштитаи спасување“.FFIS се користи при:

FFIS се користи при:

- Креирање изворни податоци преку нивен внес и ажурирање на различнилокации во зависност од надлежната институција (хидро-метеоролошки, шумски, противпожарни, и историски информации);

- Собирање и обработка на податоците преку нивно преземање од изворните локации, инивно префрлување, обединување и процесирање на една централна локација (ЦУК) каде се анализираат и се користат за пресметка на „индексот на пожари“ (Fire Weather Index - FWI) како и за проценка на степенот на опасност и загрозеност и креирање соодветни ГИС карти;

- Објавување на податоците правејќи ги достапни преку Интра и Интернет за релевантните институции, како и за пошироката јавност.

За таа цел FFIS во себе ги интегрира следните модули за:

1. Внос и ажурирање податоци од шумските стопанства, како и на податоци од опожарените подрачја (сопомош на ГИС опремени компјутери во објектите на ЈПМШ и МЗШВ, како и со помош на мобилните iPAD уреди на терен): со главна цел креирање карти на шумска вегетација (со подлоги за видови дрва, за степен на огноотпорност, за вредност на вегетацијата, за категории на „десетгодишен“ ризик, и сл.). Во податочните и ГИС сервери на ЈПМШ се внесуваат и ажурираат:

  • информации за управување и попис на шумите (приватни, државни и национални паркови) и плановите за нивно користење и одржување;
  • увиди од лице место направени со помош на iPAD уред кој овозможува лесен внес на податоците за опожарената површина во предходно вчитани постојни податоци и мапи на подрачјето, лесно исцртување полигони користејќи и GPS координати од лице место, фотографирање, комбинирање на основните со сателитските карти (тополошки, патни мрежа, инфраструктурни објекти, трафостаници, радиопредаватели, жичари, шуми и голини, заштитни појаси и сл.).

2. Преземање податоци од метеоролошки станици, како и од метеоролошките сателити (од УХМР) и се префрлаат во ГИС серверот во ЦУК во реално време или најмалку 4 пати дневно во зависно од типот на податокот):

  • Теренски податоци идентификациска ознака, име, ГПС координати и степен на веродостојност/исправност на метеоролошките станици, датум и време на мерењето во станиците со метеоролошки податоци (количина на врнежи, температура, притисок и влажност на воздухот, смер и брзина на ветер, температура на почвата, сончева радијација и др.);
  • Сателитски податоци од EUMETSATи Aqua/Terra се преземаат во 4 фреквентни опсези MODIS, SEVIRI, и MSG2 информации кои меѓусебно се надополнуваат и потоа се користат за пресметка и креирање карти на „жаришта“ како и на карти за „сувост на вегетацијата“.

3. Преземање податоци за шумите и за опожарените подрачја (од ЈПМШ) кои преку мрежа редовно се префрлаат во податочните и во ГИС серверите на ЦУК. Помошната варијанта за префрлање (на пример при пад на мрежата) е со помош на преносни медиуми:

  • Шумски податоци ГИС контурни (векторски) податоци од ниво на цела држава до најниско ниво на шумски оддели и под-оддели, пропратени со нивните најразлични атрибутни податоци;
  • Увид нa податоци од опожарените подрачја ГИС контурни податоци со нивните најразлични описни податоци земени на лице место од вработените на „Македонски шуми“, и проверени и потврдени од надлежната Инспекција на Mинистерството;

4. Обработка на преземените податоци и проценување на степените на ризикот и загрозеноста(во ЦУК):

  • користејќи ги податоците преземени од земните метеоролошки станици и канадската формула и методот на интерполација се пресметува FWI според кој се креира „ГИС карта на индекс на пожари“ за приказ на степен на веројатност и очекуван интензитет на пожарот, распоред и степен на очекувана штета и сл. Се на дополнува со картите на распространетост и ранливост на шумите, сувост на вегетацијата, топлотните жаришта, и историјатот на пожари;

5. Акумулирање и складирање податоци за историјатот на пожарите (во ЦУК) за потребите на анализирање и стратешко планирање:

  • Историјатите на шумските пожари се собираат и чуваат во мрежните податочни уреди (Network Attached Storage-NAS) за правење најразлични анализи и сценарија, за пребарување и наоѓање соодветни податоци и мапи, како и за креирање многубројни различни извештаи и прегледи.

6. Споделување и објавување на податоците и процените (од ЦУК):

  • Описните и картографските информации за навременото откривање и предупредување за шумски пожар, базирани на изворните шумски и метеоролошките услови, како и врз база на пресметаните „жаришни“ податоци, се поставуваат и редовно ажурираат на Интра и Интернет сервери за увид на релевантните инситуции и пошироката јавност;
  • Корисничкиот интерфејс е обезбеден со Web GIS кој користи Cache Map Data со Bessel 1841 Projection method, вклучувајќи AREC и Ortho карти како основи врз кои се покажуваат и останатите карти/слоеви (објекти и инфраструктури, распоред на противпожарни ресурси, демографија, дневни настани, мрежа за итни состојби, и сл.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте не:

Тел. 1: (+ 389 2) 3127 323
Тел. 2: (+ 389 2) 3128 462

Е-маил: edusoft@edusoft.com.mk