Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Компанија >> Осигурување на квалитет

Обезбедување на квалитет

Тестирањето на софтверот и контролата на квалитетот се круцијалните предуслови за обезбедување на високиот квалитет на софтверот. ЕДУСОФТ обезбедува комплетен и длабински стандард за квалитет низ целиот развоен циклус, обезбедувајќи врвен квалитет.

Клучни придобивки од системот за квалитет на ЕДУСОФТ

Ние тежнееме да поставиме највисоки можни стандарди за квалитет за сите продукти на ЕДУСОФТ. Клучните компоненти на нашиот стандард за квалитет што ви го нудиме се:

  • ISO 9001 сертификат за управување со квалитет;
  • ISO/IEC 20000 сертификат за управување на ИТ сервиси;
  • ISO 27001 сертификат за системи за управување со безбедност на информации;
  • Независно и добро организирано одделение за квалитет;
  • Искусен персонал за квалитет со членови кои се специјализирани за различни области и кои меѓусебно се надополнуваат;
  • Искуство во успешно реализирање, изработка, одржување и поддршка на бројни проекти;
  • Голем дијапазон на техники за тестирање: функционалност, перформанси, стрес, оптоварување, безбедност, достапност, корисност, локализација и други;
  • Добро организиран и прилагодлив тест процес со детални извештаи во секоја фаза;
  • Интеграција на нашите процеси со вашите кога тоа е потребно.

Што добивате со квалитетот на софтверот

Поради нивното извонредно познавање на животниот циклус на развој на софтвер и екстензивното непосредно искуство, нашите специјалисти се способни да ги откриваат проблемите во проектите за софтверски развој и во најраната фаза. Ова помага:

  • Да се добијат објективни податоци кои помагаат при евалуацијата на реалниот напредок на проектот, да се откријат евентуални недостатоци на проектот, и да се поправи ситуацијата на време
  • Да се стимулира развојниот тим да дејствува во вистинска насока и да развива точен софтвер
  • Навремено да се откриваат недоразбирањата во барањата
  • Да се намалат актуелните ризици со минимално трошење на работната сила
  • Да се добие објективна оценка на квалитетот на развиениот софтвер
  • Со други зборови, можеме да избегнеме многу трошоци и да уживаме во реалните предности на квалитетниот софтвер