Skip Navigation LinksЕДУСОФТ >> Софтвер >> Образовен Информационен Систем (ЕМИС)

Образовен Информационен Систем (ЕМИС) - Косово

Клиент: Министерство за образование, наука и технологија - Косово

EMIS е систем за управување со информации од областа на образованието кој се користи за собирање, интеграција, обработка, одржување и дисеминација на податоци и информации за поддршка при донесувањето одлуки, анализа на политиките и формулациите, планирањето, мониторингот и управувањето на сите нивоа во образовниот систем.

Исто така служи како систем за рано предупредување и рано учење за менаџерите во образованието. EMIS олеснува при навремена идентификација на единиците со помал учинок, на пр. школите, заедниците, регионите, општините, така што оние што одлучуваат може брзо да реагираат. И обратно, EMIS олеснува при идентификација на особено учинковитите единици така што менаџерите можат да научат за ветувачките примери на добри практики кои можат да се применат и во останатите школи.

EMIS исто така обезбедува сигурни, релевантни и точни податоци кои се веднаш достапни на сите корисници (школи, општински образовни директорати, акционери, едукатори, партнери) за идентификување на новите барања во образовниот сектор каде е потребно определување на главните образовни индикатори, за да се развие сет на главни образовни индикатори за подобрување на способноста за планирање, мониторинг и евалуација на образовниот истем во согласност со образовните стратегии и цели, за поддршка на децентрализацијата на образовниот систем.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте не:

Тел. 1: (+ 389 2) 3127 323
Тел. 2: (+ 389 2) 3128 462

Е-маил: edusoft@edusoft.com.mk